На 23 мај ЕХО реализираше Панел дискусија на тема: „Влијанието на економската криза врз учеството на фирмите на пазарот на јавни набавки и врз реализацијата на договорите“. Со оваа активност имавме намера да овозможиме јавно-приватен дијалог помеѓу претставници на локалните власти и на микро, малите и средните претпријатија во процесот на креирање политики со цел градење на доверба и зголемување на развојот на локалната економија.
Панел дискусијата е организирана од страна на Центар за граѓански комуникации од Скопје и ЕХО Штип како локална партнерска организација, а во рамки на проектот „Заштита од корупција“, финансиран од Амбасада на Кралството Холандија.
Pin It