На 28 април во Хотел Салида – Прилеп, ЕХО организираше квартален состанок за Мултисекторскиот тим на зедницата за ефикасна заштита од насилство врз жени и семејно насилство од Прилеп.
Освен главната тема на состанокот, која се однесуваше на измените и дополнувањата во Кривичниот законик во однос на насилството врз жени и родово базираното насилство, беа презентирани постигнатите резултати од работата на центарот за интегративен пристап во Прилеп и функционирањето на МТЗ – Прилеп.
Исто така, присутните членови дискутираа за потребите и предизвиците во однос на меѓусебната координација и беа донесени заклучоци и препораки за унапредување на соработката и усогласување на координативните механизми помеѓу сите релевантни чинители во рамки на мултисекторскиот тим, а со цел да се олесни пристапот до услугите за бесплатна правна помош и психо-социјална поддршка за корисничките од целиот пелагониски регион.
Состанокот се реализираше во рамки на проектот „All together in building Communities free of GBV“, кој го спроведува ЕХО, а финансиски е поддржан од Шведска и Фондацијата Kvinna till Kvinna.
Pin It