На 27 април ЕХО организираше Oтворен информативен ден за промоција на услугите за жени и девојки изложени на насилство и семејно насилство, а кои нашата организација ги обезбедува во пелагонискиот регион, преку подружницата на ЕХО во Прилеп.
На отворениот ден остваривме директни средби со граѓаните на Битола и им поделивме лесно разбирливи промотивни материјали со кои сакаме да ја промовираме нашата работа и услугите што ги обезбедуваме до пошироката јавност во пелагонискиот регион, а со цел да ги поттикнеме потенцијалните кориснички на нашите услуги да пријават и да бараат помош во подружницата на ЕХО – Канцеларијата за интегративен пристап до пакетот неопходни услуги за жени и девојки изложени на насилство –Прилеп.
Активноста е дел од активностите во рамки на Проектот „Јакнење на интегрираните услуги за жени и девојки изложени на насилство во пелагонискиот и југоисточниот регион“, финансиски поддржан од Европската Унија и Шведска, а субгрантиран од Фондацијата Kvinna till Kvinna и Коалиција Маргини.
Pin It