ПРОЕКТ НА УСАИД ЗА ТРАНСПАРЕНТНО ВЛАДЕЕЊЕ

Проектот развива механизми за зголемување на транспарентноста, отчетноста и одговорноста на локалните власти  во Македонија,  поттикнување на поголемо учество на граѓаните и бизнис заедницата во процесот на донесување одлуки во локалната самоуправа, како и размена на најдобри практики и искуства помеѓу општините во земјата и во регионот.

Проектните активности придонесуваат во намалувањето на нивото на корупција во локалните заедници и во подобрување на довербата на граѓаните и бизнис претставниците  во локалните власти.
Проектот опфаќа 13 општини од Источна ,  Западна Македонија и Скопскиот регион. Откако ги детектираме слабостите и недостатоците во работењето и функционирањето на локалните самоуправи преку длабочинско  истражување на актуелните практики во општините, ние подготвуваме серија на препораки за преземање на конкретни мерки за подобрување на работењето и размена на најдобри практики меѓу општините.
Проектот се спроведува во партнерство со НВО Инфоцентар од Скопје и Центарот за граѓански комуникации - Скопје, а финансиски е поддржан од УСАИД.