Отворениот информативен ден за граѓаните што го организираше ЕХО од Штип одлична можност за информирање на граѓаните за бесплатната правна помош

ЕХО Едукативно хуманитарна организација Штип на 01.11.2013 г. со почеток во 12.00 часот, на отворен пункт на ул.Ванчо Прќе бр.12 организираше Отворен информативен ден за граѓаните.

 

Целта на Отворениот информативен ден за граѓаните беше да се зголеми информираноста на граѓаните за бесплатната правна помош. На отворенио пункт на граѓаните им беа делени памфлети со информации за правото на бесплатна правна помош, а истовремено, преку директен и непосреден контакт со членовите на ЕХО, граѓаните добија информации за тоа како да го остварат правото на бесплатна правна помош, за судските и управните постапки во кои можат да бараат бесплатна правна помош, опфатот, давателите, условите и постапката за стекнување со правото на бесплатна правна помош.

Исто така, интерес кај граѓаните предизвикаа изложените публикации кои произлегоа како резултат на тригодишната работа на шесте здруженија овластени за давање на бесплатна претходна правна помош, кои во изминатиот период, координирани од Македонското здружение на млади правници и со поддршка од Фондацијата Отворено општество Македонија, ја следат примената на Законот за бесплатна правна помош.

За настанот известуваа локалните и регионални медиуми, а прилог од дневникот на ТВ Ирис со наслов „ЕХО ги едуцира Штипјани како да користат бесплатна правна помош“ може да се проследи на следниов линк: http://iris.mk/index.php/vesti/lokalnivesti/8707-2013-11-01-14-30-16.
Овој настан е дел од активностите што во 2013 година ЕХО ги спроведува во рамки на проектот „Зголемување на ефикасноста на бесплатната правна помош“.

Со почит,
Благица Киров
ЕХО Едукативно хуманитарна организација