Започна со примена проектот Пристап до правда во Македонија

Фондацијата отворено општество-Македонија (ФООМ), со финансиска поддршка од Европската Унија, започна со реализација на проектот Пристап до правда во Мaкедонија. Партнерски организации на проектот се Македонско здружение на млади правници - Скопје, Национален Ромски центар - Куманово, Младински културен центар - Битола, Едукативно-хуманитарна организација ЕХО –Штип, ИЗБОР-Струмица и Здружението за граѓанско општество 8-МИ СЕПТЕМВРИ-Скопје.

За превземање во PDF формат кликнете овде

Проект за унапредување и промовирање на правото на бесплатна правна помош

 

Целта на проектот е да придонесе кон подобрување на системот на заштита на човековите права во земјата преку зајакнување на системот на бесплатна правна помош (БПП) и утврдување на слабостите во неговата имплементација.

Проектот се реализира во периодот февруари 2014-август 2015 година, на тој начин што ги поддржува наведените партнерски организации да бидат регистрирани за давање бесплатна правна помош. Континуирано преку проектот ќе се зајакнуваат нивните капацитети во системот на БПП. При тоа, една од главните активности на проектот е насочена и кон зголемувањето на свеста кај населението за постоењето и придобивките од системот на БПП и зголемено користење на истиот од страна на граѓаните, што ќе овозможи остварување на правдата за сите граѓани подеднакво, без разлика на нивните материјални можности. Исто така, проектот ќе им обезбеди правна помош на граѓаните на кои им е одбиено барањето за бесплатна правна помош.

Дополнително, набљудувањето на системот на бесплатна правна помош „од внатре“ преку работата на овластените организации и следењето напримената на Законот за бесплатна правна помош, како и на судските постапки во кои се остварува бесплатната правна помош, ќе овозможи проектот да резултира и со конкретни предлози за подобрување на неговата ефикасност, квалитет и примена.

Во рамките на проектот оперира и бесплатната СОС линија за бесплатна правна помош 0800 44 222,

на која граѓаните може да се обратат секој работен ден од 08.30-16.30 часот, како и веб порталот www.pristapdopravda.mk, кој содржи и упатства и информации за вообичаените правни проблеми со кои се соочуваат граѓаните и им нуди можност да постават прашање или да добијат правна информација on-line .

Проектот Пристап до правда во Македонија е продолжение на напорите на ФООМ и партнерските организации кои во периодот 2011-2013 го реализираа проектот Бесплатна правна помош, како дел од Правната програма на ФООМ, што резултираше со зголемување на употребата на системот од страна на граѓаните и изработка на соодветни анализи кои содржат и препораки за подобрување на Законот за бесплатна правна помош (достапни на веб страницата на ФОСМ www.fosm.mk).

За повеќе информации за проектот Пристап до правда во Македонија:

Фондација отворено општество – Македонија

бул.Јaне Сандански бр.111, Скопје

Контакт лице: Марија Петровска , проект координатор

Тел: 02/2444-488; Е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ; www.fosm.mk

 

За правото на бесплатна правна помош:

Едукативно-хуманитарна организација ЕХО – Штип

Контакт лице: Благица Киров, правник

ул. "Борис Кидрич" бр.4, Штип

Тел. 032/384-143; Е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ; www.eho-org.mk

 

Македонско здружение на млади правници - Скопје

Контакт лице: Гоце Коцевски, правник

ул. „Благој Давков“ бр.2/1/1, Скопје

Тел. 02/3220-870; Е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ; www.myla.org.mk

 

Национален Ромски центар – Куманово

Контакт лице: Оливер Митов, правник

ул. „Доне Божинов“ бр.11/5, Куманово

Тел: 031/427-558; Е-пошта: info@nationalromacentrum.org; www.nationalromacentrum.org

 

Младински културен центар – Битола

Контакт лице: Вера Гогу, правник

ул. „Цар Самоил“ бр.29, Битола
Тел: 047/233-020; Е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
; www.mkcbt.org.mk

 

НВО ИЗБОР - Струмица

Контакт лице: Борис Гудев, правник

ул."Херој Карпош" бр.16, Струмица

Тел. 070/390-549, 034/349-410; Е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ; www.izborsr.com

 

Здружение за граѓанско општество 8-ми СЕПТЕМВРИ – Скопје

Работно време: 09:00-13:00 ч.

ул. „Раде Кончар“ бр.2, Скопје

Тел: 070/390-548