Средба на претставници на проектот Пристап до правда во Македонија со ...

Претставници на проектот Пристап до правда во Македонија од Фондацијата Отворено општество - Македонија и Македонското здружение на млади правници, заедно со претставникот на Делегацијата на Европската унија во Република Македонија задолжен за прашањата на правда и внатрешни работи на 08.05.2014 година остварија средба со делегација од Министерството за правда.

За превземање во PDF формат кликнете овде

Средба на претставници на проектот Пристап до правда во Македонија со ...

На средбата претставниците на Пристап до правда во Македонија ги претставија проблемите со кои се соочуваат невладините организации регистрирани за претходна правна помош во системот на бесплатна правна помош (БПП), вклучително и необјавувањето на Регистарот на здруженија регистрирани за претходна правна помош на веб страницата на Министерството за правда, што претставува законска обврска на Министерството. Беа истакнати и другите проблеми со кои се соочуваат невладините организации во имплементирањето на Законот за бесплатна правна помош, вклучително и строгите критериуми за остварување на правото на бесплатна правна помош, што резултира со многу мал број на поднесени барања за БПП на државно ниво и слаба искористеност на предвидениот буџет за БПП на Министерството за правда, долгата постапка за одобрување на бесплатна правна помош која често пати резултира и со губење на правото на правен лек во постапките за кои се бара бесплатната правна помош и други недоследности и/или недоречености на Законот. На средбата беше договорено претставниците на проектот Пристап до правда во Македонија своите забелешки и предлози за подобрување на законската рамка на системот на бесплатна правна помош да ги пратат до Министерството за правда за да можат да бидат разгледани од страна на Министерството.
Здруженијата за бесплатна правна помош уште од почетокот на нивната работа како овластени здруженија за претходна правна помош беа вклучени во промовирање и подобрување на системот на бесплатна правна помош во Република Македонија со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено општество - Македонија. За таа цел беа изработени и анализи достапни на веб страницата на ФООМ (http://www.fosm.mk/mk/Home/Publications?catID=9&additionalID=80).
Проектот Пристап до правда во Македонија е финансиран од Европската унија и неговата цел е унапредување и промовирање на правото на бесплатна правна помош. Проектот го координира Фондацијата Отворено општество - Македонија, а партнерски организации се
Македонско здружение на млади правници - Скопје, Национален ромски центар - Куманово, Младински културен центар - Битола, Ехо - Штип, Избор - Струмица и 8-ми Септември - Скопје.
Повеќе детали за работата на овластените здруженија можете да добиете на www.pristapdopravda.mk