Регистарот на здруженија за бесплатна правна помош достапен на веб страницата на Министерството за правда на Република Македонија

Министерството за правда на Република Македонија согласно член 21 став 2 од Законот за слободен пристап до иформации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/06, 86/08, 6/10) како и член 27 и 28 став 1 од Законот за бесплатна правна помош (“Службен весник на РМ“ бр. 161/09, 185/11, 27/14) на својата веб страна го објави регистарот на здруженија овластени за давање на бесплатна правна помош. Информацијата е достапна на следната адреса: www.pravda.gov.mk - линк регистри.

За превземање во PDF формат кликнете овде

Регистарот на здруженија за бесплатна правна помош достапен на веб страницата на Министерството за правда на Република Македонија

Објавата на регистарот претставува уште еден чекор напред во промовирањето на проектот Пристап до правда во Македонија преку запознавање на пошироката јавност со давателите на бесплатна правна помош, и воедно е резултат на напорите на проектот Пристап до правда во Македонија за промоција и унапредување на правото на бесплатна правна помош.

Проектот Пристап до правда во Македонија е финансиран од Европската Унија. Проектот го координира Фондацијата Отворено општество - Македонија, а партнерски организации се Македонско здружение на млади правници - Скопје, Национален ромски центар - Куманово, Младински културен центар - Битола, Ехо - Штип, Избор - Струмица и 8-ми Септември - Скопје.

Повеќе детали за работата на овластените здруженија можете да добиете на www.pristapdopravda.mk .