Усвоени стандарди и правила за здруженијата кои обезбедуваат претходна правна помош

Здруженијата кои се овластени за обезбедување на претходна правна помош[1] во Јуни 2014 донесоа и усвоија заеднички документ во кој се уредуваат стандардите и правилата кон кои ќе се придржуваат при обезбедувањето на претходната правна помош.

За превземање во PDF формат кликнете овде

Усвоени стандарди и правила за здруженијата кои обезбедуваат претходна правна помош

Документот беше усвоен водејќи се од потребата на појасен и попрецизен начин да се уреди обезбедувањето на претходната правна помош од страна на овластените здруженија и да се надмине недоволната уреденост на ова прашање во Законот за бесплатна правна помош која предизвикуваше значителни проблеми во пракса. Со воспоставувањето на стандарди и правила ќе се гарантира стручноста, професионалноста и квалитетот на обезбедената претходна правна помош со што суштински ќе се олесни пристапот до правда за сиромашните и ранливите категории на граѓани кои имаат потреба од правна помош.

Стандардите и правилата се однесуваат на: стручноста на лицата кои ќе обезбедуваат претходна правна помош, условите во работните простории, заштитата на личните податоци, доверливоста како и детално уредување на постапката за обезбедување на правна помош како и начинот на евидентирање и архивирање на предметите.                 

Проектот Пристап до правда во Македонија е финансиран од Европската Унија. Проектот го координира Фондацијата Отворено општество - Македонија, а партнерски организации се Македонско здружение на млади правници - Скопје, Национален ромски центар - Куманово, Младински културен центар - Битола, Ехо - Штип, Избор - Струмица и 8-ми Септември - Скопје.

Повеќе детали за работата на овластените здруженија можете да добиете на www.pristapdopravda.mk .

[1] Македонското здружение на млади правници од Скопје, Националниот ромски центар од Куманово, Младинскиот културен центар од Битола, ЕХО од Штип, Избор од Струмица и 8ми Септември од Скопје)