Работилница наменета за граѓански здруженија за новиот Закон за бесплатна правна помош

Денес орджавме работилница наменета за граѓански здруженија за новиот Закон за бесплатна правна помош. Детално ги објаснивме примарната и секундарната правна помош, постапките во кои се остваруваат, одговорностите и обврските на сите чинители во системот, со акцент на граѓаните како корисници на правото, а дадовме и посебен осврт на позицијата на здруженијата во системот на бесплатна правна помош и нивната финансиска одржливост. Имавме дискусија околу очекувањата за периодот на имплементација што следува, а со учесниците споделивме информативни флаери и примероци од новиот Закон за бесплатна правна помош.
Оваа работилница е во рамки на проектот “Пристап до правда во Северна Македонија“, финансиски поддржан од ФООМ.