Зошто, кому, каде и како до правото на бесплатна правна помош
- Details
- Created on Tuesday, 21 August 2018 11:16
Во рамки на проектот “Пристап до правда во Македонија“, финансиски поддржан од Фондација Отворено општество - Македонија, изготвивме видео со информации кои ќе им послужат на граѓаните да дознаат зошто, кому, каде и како до правото на бесплатна правна помош. Информирајте се правно!
Информација за работата на ЕХО во областа на бесплатната правна помош и пристапот до правда во првите шест месеци од 2018 година
- Details
- Created on Wednesday, 01 August 2018 10:03
Во првото полугодие на 2018 година, во рамки на проектот „Пристап до правда во Македонија„ финансиски поддржан од Фондација Отворено општество - Македонија, ЕХО обезбеди бесплатна претходна правна помош согласно Законот за бесплатна правна помош во 107 случаи.
Целосната информација е прикажана на следниов линк.
Покана за доставување понуди 1 за набавка на услуги – ангажирање на експерт за изработка на студија на случај
- Details
- Created on Sunday, 15 July 2018 14:44
За потребите на проектот „Родово одговорни политики и родово одговорно буџетирање како услов за добро управување “, ЕХО Едукативно – хуманитарна организација испраќа: ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ 1, за набавка на услуги – ангажирање на експерт за изработка на студија на случај
1. ЕХО Едукативно – хуманитарна организација во рамките на проектот „ Родово одговорни политики и родово одговорно буџетирање како услов за добро управување“, има потреба од експерт за изработка на студија на случај.
Подетален опис на бараните услуги се наоѓа во описот на надлежности (ToR) - прилог на овој повик.
Работилница - „Подготовка на модел за интегративен пристап на неопходните услуги за жени - жртви на насилство“
- Details
- Created on Tuesday, 03 July 2018 11:26
Работилница - „Подготовка на модел за интегративен пристап на неопходните услуги за жени - жртви на насилство“ Проектот е во рамките на регионалната програма на UN Women „Спречување на насилството врз жените во земјите од Западен Балкан и Турција: Спроведување на норми, промена на ставови“, поддржан од Европската Унија #changingmindstoEVAW
Интегративен пристап за општи и специјализирани услуги за поддршка на жените и девојките кои преживеале насилство
- Details
- Created on Thursday, 28 June 2018 16:09
Дводневната работилница на EcHO Educational Humanitarian Organization за мултисекторските тимови од Штип и Струмица за развивање на модел за интегративен пристап за општи и специјализирани услуги за поддршка на жените и девојките кои преживеале насилство.
Проектот е во рамките на регионалната програма на UN Women „Спречување на насилството врз жените во земјите од Западен Балкан и Турција: Спроведување на норми, промена на ставови“, поддржан од Европската Унија #changingmindstoEVAW
Одржана сесијата за правно описменување на жени и девојки на тема права од социјална заштита за жртви на семејно насилство
- Details
- Created on Monday, 25 June 2018 11:04
Во рамки на проектот Пристап до правда во Македонија, што ЕХО го реализира со поддршка од Фондација Отворено општество-Македонија, на 22.06.2018 година во просториите на ЕХО се одржа сесија за правно описменување на жени и девојки на тема права од социјална заштита за жртви на семејно насилство. Учесниците се запознаа со овие права за да можат да ги споделуваат информациите во својата заедница и заеднички дискутираа за потребата од сеопфатна институционална помош и поддршка на оваа ранлива група граѓани. Се информираа дека жртвите на семејно насилство може да ги остваруваат мерките на заштита согласно Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, правата на парични надоместоци, згрижување и сместување, согласно Законот за социјална заштита, правото на бесплатна правна помош согласно Законот за бесплатна правна помош, како и други мерки од специфични програми на Владата.