Работилница на тема „Координација и управување со координација за ефикасна заштита на жените изложени на насилство“, беше одржана, како дел од серијата тематски работилници, наменети за јакнење на капацитетите на Мултисекторските тимови на заедницата за ефикасна заштита на жени изложени на насилство, а во рамки на проектот „Сите заедно во градење на заедници без родово базирано насилство“, поддржан од фондацијата Kvinna till Kvinna.
На работилницата, која се реализираше на 2 декември, учествуваа претставници на мултисекторските тимови од Штип, Струмица и Прилеп, кои со свои видувања, искуства, коментари и дискусии во насока на унапредување на координацијата помеѓу давателите на услуги на локално ниво, активно се вклучија во одбележување на Кампањата 16 денови активизам против родово базираното насилство.
Pin It