По иницијатива на јадро жени - активистки, подржани од ЕХО Едукативно хуманитарна организација, со залагање на поранешната координаторка за еднакви можности на Општина Штип Suncica Gjufteska и со дополнителна поддршка од актуелната координаторка за еднакви можности Snezana Saneva, од страна на општинските власти беше реализирана иницијативата на жените од Ново село за уредување на простор со зелени површини и игралиште за деца.
Во рамки на истражувањето на потребите и проблемите на жените од општината, воочени беа диво создадениот паркинг простор за камиони кај Ново село и неискористените детски реквизитити од паркот наспроти Домот на културата и беше предложено преуредување на дивиот паркинг во парк и дислокација на детските реквизити. Тогашните општински власти ја започнаа реализацијата, а после локалните избори, проектот е финализиран од страна на актуелната власт, како резултат на што е создадено облагородено хортикултурно катче, каде децата од овој дел на градот можат безбедно да се дружат и спортуваат, а тамошните жители и случајни минувачи да одморат во пријатно опкружување.
Слушајќи го гласот на жените и водејќи грижа за потребите на жените и сите граѓани во заедницата, сите заедно можеме да создаваме родово сензитивна општина и да го направиме нашиот град поубаво место за живеење.
Pin It