Во рамки на кампањата 16 денови на активизам против родово базирано насилство, објавуваме дел од активностите со кои ЕХО дава значаен придонес во превенцијата, заштитата и спречувањето на насилството врз жени и семејното насилство..
Мултисекторските тимови на заедницата за ефикасна заштита на жените од насилство врз жени и семејно насилство ја претставуваат основата на моделот за интегративниот пристап што овозможува брз и лесен пристап до неопходните услуги за жени и девојки изложени на насилство. Ваквиот модел ЕХО го воспостави и го практикува во општините Штип, Струмица и Прилеп, со што се овозможува брза и ефикасна координација помеѓу давателите на услуги и ефективна заштита на жртвите.
Како дел од програмата за континуирано јакнење на капацитетите на Мултисекторските тимови, а во рамки на проектот „Сите заедно во градење на заедници без насилство“, поддржан од Фондацијата Kvinna till Kvinna, во периодот од 13-15 септември, ЕХО спроведе работилница за запознавање и оценување на практичната примена на новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство, што беше реализирана согласно новиот модел за настани што ЕХО го применува за да ја осигури психо-физичката благосостојба на учесниците.
Pin It