Во соработка со Општина Штип на 11 февруари, ЕХО организираше состанок за усогласување на предлог-акцискиот план за родово-базирано насилство на општина Штип
со новата Стратегија за родова еднаквост 2021-2025 на општина Штип. На состанокот зедоа учество членовите на Мултисекторскиот тим за ефикасна заштита на жените изложени на насилство, координаторката за еднакви можности на општина Штип, претставнички од ХЕРА како и релевантни претставнички од општинската администрација, задолжени за спроведување на родово одговорно буџетирање.
Состанокот резултираше со заклучоци за усогласување на постоечките можности со обврските на општината за финансиска и логистичка поддршка на специјализираните услуги за жени и девојки изложени на насилство и за создавање услови за одржливост на координацијата и функционирањето на мултисекторскиот тим во Штип.
Pin It