Како до бесплатна правна помош во случаи на насилство врз жени и семејно насилство
- Details
Сесија за правна едукација на тема „Како до бесплатна правна помош во случаи на насилство врз жени и семејно насилство?“ се одржа во Гевгелија на 24 април во организација на ЕХО, а во соработка со Општина Гевгелија. Освен што сесијата имаше за цел да ги информира граѓаните за бесплатната правна помош и интегрираните услуги за жени и девојчиња што ЕХО ги обезбедува за овие ранливи категории, претставуваше и поволна прилика да се најави формирањето на Мултисекторски тим на заедницата во Гевгелија за ефикасна заштита на жени и девојчиња изложени на насилство. Настанот беше дел од активностите во рамки на проектот „Јакнење на интегрираните услуги за жени и девојки изложени на насилство во пелагонискиот и југоисточниот регион“, финансиски поддржан од Европската Унија и Шведска, а субгрантиран од Фондацијата Kvinna till Kvinna и Коалиција Маргини.
20 години заедништво, верба, истрајност, посветеност!
- Details
20 години ЕХО - 7 април 2023
20 години заедништво, верба, истрајност, посветеност!
Заедно со сите Вас растевме, учевме, сонувавме, делувавме и менувавме...
Сите заедно, сплотени и обединети во мисијата, продолжуваме да градиме похуман, поправеден, подобар и поубав свет!
Бидејки родовата еднаквост е важна
- Details
24 март во Штип протече во знакот на подигање на свеста за насилството врз жените како најбрутален чин на дискриминација врз жените и девојчињата, но и за заштитата од булинг како тежок облик на врсничко насилство.
За таа цел, под слоганот „Бидејќи родовата еднаквост е важна“ , во организација на Интерарт културниот центар и ЕХО, како локален партнер, во Штип се одржаа два несејкодневни настани во Мултимедијалниот центар при УГД и Домот на културата Ацо Шопов, со кои преку форми на уметничко изразување, проекција на кус филм и танцов перформанс, беше креиран „Простор за разговор“ во кој учествуваа Бети Пејева, претседателката на ЕХО, Рисима Рисимкин, професорка и кореографка, Огнен Јаневски, Амбасадор против говорот на омраза за Западен Балкан на Советот на Европа и ЕУ, Ана Зафирова, новинарка и активистка и Горан Трајков, директор на Домот на културата –Штип
Предавања за препознавање и превенирање од врсничко насилство во основните училишта во Штип
- Details
Се дружевме, едуциравме, превениравме.
Во организација со координаторката за еднакви можности, Снежана Санева, на Општина Штип, СВР - отсек за превенција и полициска станица Штип и ЕХО Едукативно-хуманитарна организација одржавме предавања за препознавање и превенирање од врсничко насилство во основните училишта во Штип.
Со финансиска поддршка од Екуменска иницијатива на жени од Р. Хрватска се изработени промотивните материјали, постери, стрип и флаери за полесно препознавање на различните видови на насилство со кои се соочуваат младите.
Подготовката и реализацијата на Програмата за млади, во рамки на ЕХО, која изобилува со бројни превентивни активности во насока на едукација на младите лица, секоја година е поддржана од Шведска и Фондацијата Kvinna till Kvinna, што овозможува институционално јакнење и јакнење на капацитетите на младите поддржувачи на организацијата.
Квартален состанок за Мултисекторскиот тим на зедницата за ефикасна заштита од насилство врз жени и семејно насилство од Штип
- Details
На 3 март во Хотел Изгрев –Штип, ЕХО организираше квартален состанок за Мултисекторскиот тим на зедницата за ефикасна заштита од насилство врз жени и семејно насилство од Штип.
Главна тема на состанокот беа измените и дополнувања во Кривичниот законик во однос на родово базираното насилство, што резултираше со богата дискусија за новите законски измени и решенија по однос на досега нерегулираните и непрепознаени форми на насилство, кои претходно беа дефинирани во Законот за заштита и спречување на насилство врз жени и семејно насилство, но не беа усогласени со кривичната регулатива.
Формулациите на измените и и дополнувањата на КЗ предизвикаа особен интерес од страна на присутните, бидејќи во измените и усогласувањата на Кривичниот законик со одредбите на Конвенцијата на Советот на Европа против насилство врз жени и семејно насилство, со свои препораки, учествуваа и претставници на ЕХО и Мултисекторските тимови кои ЕХО ги координира.
Со оглед дека МТЗ се составени од претставници на сите клучни даватели на општи и специјализирани даватели на услуги за жени и девојки изложени на насилство, ќе следува засилено следење на примената на изменетите и дополнети законски решенија на конкретни случаи и ќе се нотира и утврдува нивната имплементација и функционалност во пракса од страна на членовите на мултисекторските тимови.
На состанокот исто така се презентираа постигнатите резултати од претходната 2022 година, се дискутираше за клучните наоди од сработеното, но и за тековните предизвици и планираните заеднички активности во тек на 2023 година.

- Заштита од професионално прегорување како предуслов за квалитетни услуги наменети за жени и девојчиња изложени на насилство
- Воведување во пракса на одредбите од новодонесениот Закон за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство
- Проект - „Промената почнува од мене“
- Мапирање на ризиците од корупција во јавните набавки во Општина Штип и јавните претпријатија
Page 4 of 13