Квартален состанок на членовите на Мултисекторскиот тим од Прилеп за ефикасна заштита на жени изложени на насилство
- Details
Квартален состанок, наменет за членовите на Мултисекторскиот тим од Прилеп за ефикасна заштита на жени изложени на насилство, се одржа на 29 март во Прилеп. На состанокот беше презентирана актуелната функционалност на тимот, од страна на ЕХО беше презентирана Програмата за економско јакнење, ресоцијализација и реинтеграција наменета за жени кои претрпеле насилство, а исто така се дискутираше за начинот на координација и известување, за потребите и предизвиците на МТЗ Прилеп, како и за следните планирани активности за јакнење на капацитетите на мултисекторските тимови со кои координира ЕХО.
Преку женски активизам и иницијативи до родово инклузивна и одговорна општина
- Details
Завршен настан на проектот „Преку женски активизам и иницијативи до родово инклузивна и одговорна општина“.
Голема благодарност на сите жени и девојки, јадро активистки, кои несебично придонесоа за успешен крај на проектот. Вашата поддршка и посветеност ни се секогаш потребни.
Состанок за усогласување на предлог-акцискиот план за родово-базирано насилство на општина Штип
- Details
Во соработка со Општина Штип на 11 февруари, ЕХО организираше состанок за усогласување на предлог-акцискиот план за родово-базирано насилство на општина Штип
со новата Стратегија за родова еднаквост 2021-2025 на општина Штип. На состанокот зедоа учество членовите на Мултисекторскиот тим за ефикасна заштита на жените изложени на насилство, координаторката за еднакви можности на општина Штип, претставнички од ХЕРА како и релевантни претставнички од општинската администрација, задолжени за спроведување на родово одговорно буџетирање.
Состанокот резултираше со заклучоци за усогласување на постоечките можности со обврските на општината за финансиска и логистичка поддршка на специјализираните услуги за жени и девојки изложени на насилство и за создавање услови за одржливост на координацијата и функционирањето на мултисекторскиот тим во Штип.
Иницијатива на жените од Ново село за уредување на простор со зелени површини и игралиште за деца
- Details
По иницијатива на јадро жени - активистки, подржани од ЕХО Едукативно хуманитарна организација, со залагање на поранешната координаторка за еднакви можности на Општина Штип Suncica Gjufteska и со дополнителна поддршка од актуелната координаторка за еднакви можности Snezana Saneva, од страна на општинските власти беше реализирана иницијативата на жените од Ново село за уредување на простор со зелени површини и игралиште за деца.
Работилница за подготовка на Политика за раководење со човечки ресурси
- Details
2021 година беше година на предизвици кои подразбираа напорна работа и огромни залагања од страна на персоналот на ЕХО во обезбедување на проширен обем на услуги за жени и девојки изложени на насилство, координација со мултисекторските тимови за ефикасна заштита на жените од насилство и вклучување во клучните текови на креирање на политики засновани врз издржани практики во областа на заштитата на жените и девојките од секаков вид на насилство. За да успееме да ги зајакнеме капацитетите на персоналот, да го одржиме постоечкиот персонал и да обезбедиме прилив на нови стручни кадри, работевме и на сопственото организациско, односно институционално јакнење преку неколку исклучително корисни работилници наменети за клучниот персонал на ЕХО, а од кои произлегоа организациски политики и документи кои имаат значајно влијание за целокупната успешна работа на организацијата.
- Работилница за подготовка на нацрт верзија на Програма за економско јакнење, ресоцијализација и реинтеграција на жените кои претрпеле насилство
- ЕХО вложува напори да го реплицира Моделот за интегративен пристап до неопходните услуги за жени и девојки изложени на насилство и во други општини на нашата земја
- Работилница на тема „Координација и управување со координација за ефикасна заштита на жените изложени на насилство“
- Дел од активностите на ЕХО во рамки на кампањата 16 денови на активизам против родово базирано насилство
Page 7 of 14