Проект: Мислам НЕ, велам НЕ и НЕ дозволувам
- Details
Проектот „Мислам НЕ, велам НЕ и НЕ дозволувам“ е наменет за млади девојчиња и момчиња во Штип.
Целта на проектот е да се сменат ставовите и однесувањето на младите девојчиња и момчиња преку едукација за препознавање и дејствување во заедницата за да се спречи насилството врз жените и девојчињата.
Охрабруваме интерактивна дискусија помеѓу девојчиња и момчиња за форми на насилство што тие не ги препознаваат затоа што се прифатени како „нормални“ во нивните односи и опкружување. Ги охрабривме преку нивно активно учество преку креативно изразување на сопствените ставови и сфаќања да придонесат за промена на јавната свест за неприфаќање, спротивставување и спречување на насилство врз жени и девојчиња и семејно насилство.
На 29 и 30 мај ЕХО одржа Арт работилница за млади во рамки на проектот „Мислам НЕ, велам НЕ и НЕ дозволувам“.
Успешно реализирана изложба на тема: „Мислам НЕ, велам НЕ и НЕ дозволувам“:
Младите активисти на ЕХО креираа постери со кои му се спротиставуваат на насилството и ги поттикнуваат другите да му кажат НЕ и да го препознаат истото.
Бесплатна правна помош за остварување и заштита на работнички права
- Details
Бесплатна правна помош за остварување и заштита на работнички права може да добиете во овластеното здружение ЕХО Штип.
Канцеларијата на ЕХО се наоѓа на ул. Христијан Карпош бр.6/4, спроти Здравниот дом.
Телефон: 070 22 82 82
www.eho-org.mk
Работна средба на Мултисекторските тимови на заедницата од општините Штип и Струмица
- Details
ЕХО организираше работна средба на Мултисекторските тимови на заедницата од општините Штип и Струмица, за ефикасна заштита на жените и девојките изложени на насилство, која се одржа на 25 мај во Хотел Изгрев во Штип. Работната средба овозможи размена на искуства во однос на предизвиците за начинот на функционирање, комуникација и координација на тимовите во услови на здравствена криза, Средбата исто така претставуваше исклучителна можност да се развие дикусија во однос на примената и функционалноста на новиот Закон за заштита и спречување на насилство врз жените и семејното насилство, особено што доцни подготовката и усвојувањето на подзаконските акти кои треба да одговорат на одредени недоречености во законот. Претседателката на ЕХО, Бети Пејева ги презентираше плановите и идните активности на организацијата кои се предвидени за јакнење на капацитететите на Мултисекторските тимови, реплицирање на моделот за интегративен мултисекторски пристап во Општина Прилеп, како и плановите за развој на самата организација во насока на проширување на стручниот персонал и зајакнување на организациските капaцитети за влијание врз политиките насочени кон ефективна примена на модулите за интегративен пристап на пакетот неопходни услуги за жени и девојки изложени на насилство. Работната средба беше реализирана во рамки на проектот „Сите заедно во градење на заедници без насилство“, поддржан од фондацијата Kvinna till Kvinna.
Започна да се применува новиот закон за спречување и заштита од насилство врз жените
- Details
Денес почна да се применува новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство.
Со овој закон се уредува постапувањето на институциите со должно внимание при преземањето мерки за превенција од родово-базирано насилство врз жените и семејното насилство, постапувањето на институциите за заштита на жените од родово-базирано насилство и семејното насилство, меѓусебната координација на институциите и организациите, услугите за заштита на жртвите и собирањето на податоци за родово-базирано насилство врз жените и семејното насилство.
Повик за ангажирање на стручно лице за изработка на промотивно видео
- Details
ЕХО Едукативно – хуманитарна организација Штип на територијата на општина Охрид го спроведува проектот “Правно зајакнување на граѓаните за борба против корупција и судир на интереси на локално ниво“ финансиски поддржан од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).
Како дел од проектните активности предвидена е изработка на кратко промотивно видео со должина до најмногу 5 минути, кое ќе содржи информации за проектот, активностите и постигнатите резултати, со цел зголемување на видливоста на проектот и промовирање на заштита на правата на граѓаните во однос на корупцијата и судирот на интереси.
Page 9 of 13