EcHO - Educational Humanitarian Organization
Open menu
  • ПОЧЕТНА
  • ЗА НАС
  • ПРОЕКТИ
    • Тековни проекти/Активности
    • Реализирани проекти/Активности
  • ДОКУМЕНТИ
    • ИЗВЕШТАИ
    • ПУБЛИКАЦИИ
  • ГАЛЕРИЈА
  • КОНТАКТ
  • ЕВИДЕНЦИЈА НА РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО

Воведување во пракса на одредбите од новодонесениот Закон за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство

Details
Created: 10 January 2023
Заеднички тематски состанок на членовите на Мултисекторските тимови на заедницата за ефикасна заштита на жени изложени на насилство и нашите долгогодишни соработници од Штип, Прилеп и Струмица, со тема: „Воведување во пракса на одредбите од новодонесениот Закон за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство“, се одржа на 21 декември 2022 година, во хотел Гарденија – Велес.
На состанокот, покрај одредбите од законот, беше дискутирана ефективноста од функционирањето на МТЗ во секоја од општините каде се формирани, како и пречките и предизвиците со кои се соочуваат членовите, но и бројните успешни приказни кои покажуваат дека моделот на мултисекторски интегриран пристап што ЕХО го спроведува и постојано го надградува, претставува единствен пример за ефикасност и меѓусебна соработка на општите и специјализирани даватели на услуги за жени и девојки изложени на насилство, чии резултати се сѐ поголеми од година во година.
Притоа, огромен придонес во развивањето и надградувањето на овој модел имаат нашите долгогодишни партнери и донатори - Фондацијата Kvinna till Kvinna, кои веруваат во нашиот потенцијал, нашите идеи и резултати и континуирано ја поддржуваат нашата работа од 2018 година, а со тоа овозможуваат голем број на жени и девојки, изложени на насилство, да добијат навремена, брза и ефикасна заштита.
Тематскиот состанок се реализираше во рамки на проектот „All together in building Communities free of GBV“, кој го спроведува ЕХО, а финансиски е поддржан од Шведска и Фондацијата Kvinna till Kvinna.
Embassy of Sweden in Skopje
Kvinna till Kvinna
The Kvinna till Kvinna Foundation
Pin It

Проект - „Промената почнува од мене“

Details
Created: 16 December 2022

Проектот „Промената почнува од мене“  е наменет за млади девојчиња и момчиња од основните и средните училишта, студентите,  како и за младите од Штип.

Општата цел на проектот е да се едуцираат младите за препознавање и дејствување во заедницата преку откривање на насилството од врсниците како најраспространето и најзастапено во однесувањето на младите девојки и момчиња во нивната околина. се насочени кон нивно спречување.

Оваа цел ќе се постигне преку истражување преку онлајн прашалник и организирање состаноци со млади луѓе на кои преку меѓусебни разговори ќе се разговара за ставовите и разбирањето, како и за најчестиот тип на насилство со кој се соочуваат младите во нивната средина како и преку  едукација и зголемување на знаењето на младите девојки и момчиња за препознавање на насилството од врсници и врсничка едукација за пренос на знаење со цел да се придонесе за промена на ставовите, свеста и однесувањето на младите.

Проектот е финансиран од Екуменска иницијатива на жени од Република Хрватска.

За превземање во PDF формат кликнете овде Знаци по кои ќе препознаете дека детето е жртва на булинг

За превземање во PDF формат кликнете овде Стрип - Промената почнува од нас

Видео од летната школа: https://www.facebook.com/echostip/videos/2259003530930132

Pin It

Мапирање на ризиците од корупција во јавните набавки во Општина Штип и јавните претпријатија

Details
Created: 15 December 2022
Ова истражување е изготвено со помош на грант доделен преку проектот Заштита од корупција што го спроведува Центарот со граѓански комуникации со финансиска поддршка на Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје. Содржината на истражувањето е  единствена одговорност на ЕХО Едукативно-хуманитарна организација Штип.
 
Проектот „Заштита од корупција“ има за цел намалување на корупцијата и злоупотребата на јавните средства на ниво на локалната самоуправа преку зголемување на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на локалните институции и имплементација на мерките предвидени во Националната стратегија за превенција на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025 година.

 

За превземање во PDF формат кликнете овде Мапирање на ризиците од корупција во јавните набавки во Општина Штип и јавните претпријатија

 

Pin It

Проект - Промената почнува од мене

Details
Created: 05 November 2022
Проектот „Промената почнува од мене“ го заокружуваме со врсничка едукација за разбирање, заштита и спречување на врсничкото насилство во основните и средните училишта во Штип.
СОУ „Димитар Мирасчиев“, ви благодариме за соработката, бевте одлични домаќини и активни учесници.
Проектот е поддржан од Екуменска иницијатива на жени од Република Хрватска.
Pin It

Работна средба со вработените во Центарот за социјална работа во Прилеп

Details
Created: 04 November 2022
Во насока на мапирање на достапноста и функционалноста на специјализираните услуги за жени и девојки изложени на насилство, како и оценување на капацитетите и утврдување на тековните проблеми, потреби и пречки со кои се среќаваат давателите на услугите, на 14 октомври ЕХО одржа работна средба со вработените во Центарот за социјална работа во Прилеп.
На средбата беа изложени предизвиците со кои се соочуваат стручните лица во обезбедување на квалитетни, навремени и ефикасни услуги за жените жртви на родово базирано и семејно насилство, како и можностите за меѓусебна соработка со подружницата на ЕХО во Прилеп како давател на специјализирани услуги за бесплатна правна помош, психо-социјална поддршка и економско јакнење на жртвите, користејќи го моделот за мултисекторски интегративен пристап што ЕХО го применува.
Претставници од ЦСР Прилеп се членови на Мултисекторскиот тим за ефикасна заштита на жени изложени на насилство, во кој даваат значаен придонес со својата експертиза и заедно со останатите претставници на општите даватели на услуги, претставуваат неопходна алка во системот на заштита на жртвите.
Мапирањето на услугите за жени и девојки изложени на насилство се спроведува во рамки на проектот „Сите заедно во градење заедници без насилство„ финансиски поддржан од Шведска и Kvinna till Kvinna
Embassy of Sweden in Skopje
Kvinna till Kvinna
Pin It
  1. Обука - „Превенција од секундарна виктимизација на жртвите на насилство врз жени и семејно насилство“
  2. Одбележан Европскиот ден на правдата
  3. Квартален состанок на членовите на Мултисекторскиот тим од Прилеп за ефикасна заштита на жени изложени на насилство
  4. Преку женски активизам и иницијативи до родово инклузивна и одговорна општина

Page 6 of 14

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10

ДОНАТОРИ

https://www.unwomen.org/en
https://www.usaid.gov/
https://fosm.mk/
https://www.gmfus.org/grants/balkan-trust-democracy
https://europa.eu/european-union/index_en
https://kvinnatillkvinna.org/
civicamobilitas.mk
sdc

ПАРТНЕРИ

www.ccc.org.mk
zanabavki.mk
nvoinfocentar.org.mk
myla.org.mk
http://pristapdopravda.mk/

ВИДЕО

Социјални мрежи

Facebook
Facebook
Copyright © 2025 EcHO - Educational Humanitarian Organization. All Rights Reserved.
Joomla! is Free Software released under the GNU General Public License.