EcHO - Educational Humanitarian Organization
Open menu
  • ПОЧЕТНА
  • ЗА НАС
  • ПРОЕКТИ
    • Тековни проекти/Активности
    • Реализирани проекти/Активности
  • ДОКУМЕНТИ
    • ИЗВЕШТАИ
    • ПУБЛИКАЦИИ
  • ГАЛЕРИЈА
  • КОНТАКТ
  • ЕВИДЕНЦИЈА НА РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО

Иницијатива на жените од Ново село за уредување на простор со зелени површини и игралиште за деца

Details
Created: 08 February 2022
По иницијатива на јадро жени - активистки, подржани од ЕХО Едукативно хуманитарна организација, со залагање на поранешната координаторка за еднакви можности на Општина Штип Suncica Gjufteska и со дополнителна поддршка од актуелната координаторка за еднакви можности Snezana Saneva, од страна на општинските власти беше реализирана иницијативата на жените од Ново село за уредување на простор со зелени површини и игралиште за деца.
Pin It

Read more …

Работилница за подготовка на Политика за раководење со човечки ресурси

Details
Created: 28 January 2022
2021 година беше година на предизвици кои подразбираа напорна работа и огромни залагања од страна на персоналот на ЕХО во обезбедување на проширен обем на услуги за жени и девојки изложени на насилство, координација со мултисекторските тимови за ефикасна заштита на жените од насилство и вклучување во клучните текови на креирање на политики засновани врз издржани практики во областа на заштитата на жените и девојките од секаков вид на насилство. За да успееме да ги зајакнеме капацитетите на персоналот, да го одржиме постоечкиот персонал и да обезбедиме прилив на нови стручни кадри, работевме и на сопственото организациско, односно институционално јакнење преку неколку исклучително корисни работилници наменети за клучниот персонал на ЕХО, а од кои произлегоа организациски политики и документи кои имаат значајно влијание за целокупната успешна работа на организацијата.
Pin It

Read more …

Работилница за подготовка на нацрт верзија на Програма за економско јакнење, ресоцијализација и реинтеграција на жените кои претрпеле насилство

Details
Created: 29 December 2021
Дводневната работилница која ЕХО ја реализираше на 22 и 23 декември, а на која учествуваа претставници од Мултисекторскиот тим за ефикасна заштита на жени и девојки изложени на насилство, персоналот на ЕХО, надворешни соработници на организацијата, Агенцијата за вработување, општината, и, како гости -презентери на програмите за курсеви и дообразување, претставници од Отворениот граѓански универзитет „Ванчо Прќе“, резултираше со подготвена нацрт верзија на Програма за економско јакнење, ресоцијализација и реинтеграција на жените кои претрпеле насилство.
Со оваа програма ЕХО повторно се истакна како лидерска организација во областа на обезбедување на специјализирани, интегрирани и сеопфатни услуги за жените и девојките кои претрпеле насилство, прилагодени на нивните потреби и согласно највисоките меѓународни стандарди во оваа област.
Pin It

ЕХО вложува напори да го реплицира Моделот за интегративен пристап до неопходните услуги за жени и девојки изложени на насилство и во други општини на нашата земја

Details
Created: 24 December 2021

Согласно своите стратешки цели, ЕХО вложува напори да го реплицира Моделот за интегративен пристап до неопходните услуги за жени и девојки изложени на насилство и во други општини на нашата земја. За таа цел беше формирана подружница на ЕХО во Општина Прилеп, како и Мултисекторски тим на заедницата за ефикасна заштита на жени и девојки изложени на насилство, што го претставува основниот столб на интегративниот пристап во заштитата на жените од насилство. Во рамки на програмата на ЕХО за јакнење на капацитетите на претставниците на мултисекторските тимови , во периодот од 6 до 7 октомври 2021 година, беа реакизирани работилници за Мултисекторскиот тим од Прилеп на теми: Интегрирање на родовата компонента во работата на мултисекторските тимови и Конвенција на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство. Работилниците претставуваат дел од активностите во рамки на проектот „Сите заедно во градење заедници без родово базирано насилство“, поддржан од фондацијата Kvinna till Kvinna.

Pin It

Работилница на тема „Координација и управување со координација за ефикасна заштита на жените изложени на насилство“

Details
Created: 09 December 2021
Работилница на тема „Координација и управување со координација за ефикасна заштита на жените изложени на насилство“, беше одржана, како дел од серијата тематски работилници, наменети за јакнење на капацитетите на Мултисекторските тимови на заедницата за ефикасна заштита на жени изложени на насилство, а во рамки на проектот „Сите заедно во градење на заедници без родово базирано насилство“, поддржан од фондацијата Kvinna till Kvinna.
На работилницата, која се реализираше на 2 декември, учествуваа претставници на мултисекторските тимови од Штип, Струмица и Прилеп, кои со свои видувања, искуства, коментари и дискусии во насока на унапредување на координацијата помеѓу давателите на услуги на локално ниво, активно се вклучија во одбележување на Кампањата 16 денови активизам против родово базираното насилство.
Pin It
  1. Дел од активностите на ЕХО во рамки на кампањата 16 денови на активизам против родово базирано насилство
  2. Активности на ЕХО за придонес во превенцијата, заштитата и спречувањето на насилството врз жени и семејното насилство
  3. Презентација на родовите приоритети утврдени преку проектот “Преку женски активизам и иницијативи до родово инклузивна и одговорна општина”
  4. Предавања за заштита од врсничко насилство

Page 8 of 14

  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
  • 12

ДОНАТОРИ

https://www.unwomen.org/en
https://www.usaid.gov/
https://fosm.mk/
https://www.gmfus.org/grants/balkan-trust-democracy
https://europa.eu/european-union/index_en
https://kvinnatillkvinna.org/
civicamobilitas.mk
sdc

ПАРТНЕРИ

www.ccc.org.mk
zanabavki.mk
nvoinfocentar.org.mk
myla.org.mk
http://pristapdopravda.mk/

ВИДЕО

Социјални мрежи

Facebook
Facebook
Copyright © 2025 EcHO - Educational Humanitarian Organization. All Rights Reserved.
Joomla! is Free Software released under the GNU General Public License.